Дома Македонски спорт Успешна бизнис трка во Скопје, Комерцијална Банка повторно најбрза меѓу учесниците

Успешна бизнис трка во Скопје, Комерцијална Банка повторно најбрза меѓу учесниците

Успешна бизнис трка во Скопје, Комерцијална Банка повторно најбрза

Викендов се одржа штафетната трка на македонската општествено-деловна заедница во која најбрз беше тимот на Комерцијална Банка од Скопје, составен од Миомир Алексовски, Снежана Димовска, Маријан Шамоски и Бобан Нефовски.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


На патеката на кејот на Вардар, кај хотелот Парк во Скопје се одржа штафетната трка со 4 измени по 2 километри во која учествуваа 60 тимови од македонскиот бизнис сектор. Првото место го освои тимот на Комерцијална Банка, втор беше тимот на домаќините Фит-нес & Спа Парк, а третото место му припадна на тимот на Унибанка.

Најбрзи поединци, со најбрзо истрчани кругови, беа Сања Костуранова од тимот на Фитнес & Спа Парк кај жените и Пепи Анакијев од Кликни Јади кај мажите.
Ова беше петто издание на трката, кое требаше да се одржи минатата есен, но заради здравствените мерки беше одложено за оваа пролет. 

Следното издание на трката ќе биде во нејзиниот редовен термин, во октомври оваа есен.

Трката ја организираше здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…