Дома Видео Урнебесен потег на Роналдо на прес: Се налути и ги тргна Кока-Колите

Урнебесен потег на Роналдо на прес: Се налути и ги тргна Кока-Колите

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, важи за голем фанатик на здравиот живот, што му овозможува и со 36 години да им парира на далеку помладите противници, кои не му се ниту до колена во физичката подготовка и изгледот на телото.

Поради тоа, не зачудува неговата реакција на денешната прес-конференција пред мечот на Португалија против Унгарија на ЕВРО 2020, кога покажа колку не ги сака газираните сокови, кои, според лекарите, се исклучително штетни.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тој не само што не пие кока-кола и слични пијалци, туку и не сака да биде во нивна близина, па ги тргна од пред себе покажувајќи им на тие што го следеа неговото обраќање дека треба да пијат само вода.

Колку е тој сериозен во ова покажува и фактот што им има забрането и на своите деца воопшто да дојдат во контакт со газирани пијалоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Скијање и пиење не одат заедно: Џон Тери откри што му се случило

Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери, доживеа незгода на скијање во Франција, откако по …