Менаџерот на Манчестер Јунајтед вчера се појави на трибините во натпреварот помеѓу Црна Гора и Србија.
Не е позната точната причина поради која Мурињо присуствуваше на овој натпревар, но ќе може да се пофали дека присуствувал на еден историски натпревар на држави кои до нешто повеќе од една деценија беа едно. Ако тоа воопшто му е важно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо веќе некое време е мета на критики поради досадниот и лош фудбал кој го игра неговиот Манчестер Јунајтед, па така посетата во Подгорица предизвика некои интересни коментари од кои една навистина се издвојуваше.
„Мурињо дојде да види даи некој може да игра полош фудбал од неговиот“, гласи еден од коментарите со кој се алудира на лошото издание кое во вчерашниот натпревар го прикажаа домаќините.
Португалецот не уживаше во кој знае каков фудбал, но можеби тој имал причина за задоволство поради играчот (играчите) за кои се појави на оваа средба.