Елина Свитолина, најдобрата украинска тенисерка изненади со својата изјава во интервјуто додека зборуваше за мечевите против руски или белоруски тенисерки.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Додека е во тек воениот конфликт помеѓу Украина и Русија, Свитолина порача дека против Русинките се бори како да е на војно поле.
„Кога играм против противнички од Русија или Белорусија, се борам како украински војник на бојно поле“, порача тенисерката.
Свитолина откако почна нападот од Русија врз Украина не пропушта можност да ги критикува нејзините колешки од спротивната страна.
„Во мечевите против нив се чувствувам како да е војна. Имам дополнителна мотивација“, истакна тенисерката.