Дома Останати Тенис Ужас: Српска тенисерка изгуби, па обложувачи и се закануваа со смрт и силување!

Ужас: Српска тенисерка изгуби, па обложувачи и се закануваа со смрт и силување!

Српската тенисерка Наталија Стевановиќ неодамна загуби во квалификациите за турнирот во Гвадалахара од Марија Матеас со 2:0 во сетови (3:6, 5:7), а по мечот откри дека добила застрашувачки закани на социјалните мрежи.

Стевановиќ беше фаворит според обложувалници, па многу обложувачи типувале на нејзина победа, а откако изгубила се појавиле многу револтирани.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Што да кажам после ова? Дали да бидам загрижена за мојот живот, само што загубив по повреда? Спортистите секогаш даваат максмум на теренот и ваквите закани се навистина нешто сериозно! Ова го објавувам првпат бидејќи ми здодадеа да се соочувам со вакви работи по секој пораз“, изјави Стевановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шок за организаторот: Синер соопшти дека се повлекува!

Долгоочекуваната мешана двојка на УС Опен, која оваа сезона ќе се претстави во ново издани…