Дома Останати Ужас во Бугарија: Убиен претседателот на карате федерацијата!

Ужас во Бугарија: Убиен претседателот на карате федерацијата!

Алексеј Петров кој ја извршуваше функцијата претседател на бугарската карате федерација бил убиен денес во близина на манастирот во населба Драгалевци.

Петров бил застрелан од огнено оружје, а починал подоцна откако бил пронајден од жена во тешка состојба. Покрај функциите во спортот Петров бил успешен и во други области.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Роден на 23 април 1962 година во Тетевен, а во 1981 година завршил полициско училиште во Пазарџик. Осум години работел во Националната служба за безбедност.

До 1992 година бил припадник на Специјализираниот одред за борба против тероризам, каде негови колеги биле Златомир Иванов – Златко Беретката и браќата Галеви. Го напушта системот по сопствена волја, пишува БТА.

Бугарските медиуми пишуваат дека во минатото преживеал три обиди за атентат врз него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…