
Манчестер Сити го освои убедливо и реваншот против Њукасл од полуфиналето за “Карабао Купот”.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако играа без дел од ѕвездите во овој меч, “граѓаните” повторно беа убедливо подобриот тим и победија со 3:1 на својот “Етихад”. Тие го добија и првиот меч со 2:0, па со вкупен резултат од 5:1 одат на финале против Арсенал на “Вембли”.
Омар Мармуш ги постигна првите два гола во 7-та и 29-та минута, а третиот гол беше дело на Тијани Рајндерс во 32-та минута. За гостите се запиша Антони Еланга во 63-та минута. Овој пораз конечно ги стави крај на надежите на “свраките” да го одбранат трофејот од минатата сезона.