По реакцијата на Министерството за надворешни работи, УЕФА ја поправи грешката која ја имаше направено со претседателот на ФФМ и генералниот секретар на федерацијата.
Муамед Сејдини и Филип Поповски во УЕФА беа заведени како „Северномакедонци“ и поради тоа имаше реакција од МНР.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„МНР води сметка за точната употреба на државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како и што сме реагирале и претходно, реагиравме и сега до УЕФА со барање да се променат термините согласно Уставот личната карта на земјата во Обединетите Нации“, порачаа од МНР.
Грешката денес е поправена и во делот за националност кај Сејдини и Поповски стои „Македонци“.