Дома Фудбал Останато УЕФА суспендира 11 клуба од европските купови

УЕФА суспендира 11 клуба од европските купови

УЕФА преку Одделот за дисциплина донесе одлука да исфрли 11 клубови од европските натпреварувања во наредните три години, поради неисполнување на финансиски обврски.

Три години без настап во Европа ќе бидат Клуж (Романија), Олимпија (Словенија), Ријека и Осијек (Хрватска), Борац Бања Лука (БиХ), Астана и Кизил (Казахстан), Валмиера (Литванија), Коњаспор (Турција), Арис (Грција) и Флоријана (Малта). Причина за ова е доцнењето на платите за фудбалерите подолго од 90 дена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дел од овие клубови ќе имаа можност да добијат условна казна, ако ги исполнат сите финансиски услови за претстојните сезони, 2023/24 и 2024/25.

УЕФА им одреди и финансиски казни на овие клубови, па така Клуж ќе мора да плати казна од 250.000 евра, Осијек и Коњаспор по 150.000 евра, а Олимпија 100.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер јунајтед веднаш тргна во акција и најде замена за Доргу?

Манчестер Јунајтед по повредата на Патрик Доргу би можел да го ангажира Кадер Меите, пишув…