Дома Македонски спорт Мак фудбал УЕФА со жестока казна за Вардар – условна суспензија на две години и 100.000 евра!

УЕФА со жестока казна за Вардар – условна суспензија на две години и 100.000 евра!

Најтрофејниот македонски клуб Вардар се соочува со двогодишна забрана за настап во европските натпреварувања.

Имено, дисциплинската комисија во УЕФА задолжена за Финансискиот фер плеј го суспендираше македонскиот клуб заедно со бугарскиот Левски, додека Спортинг Лисабон помина само со финансиска казна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардар е условно казнет, односно исфрлен од европските натпреварувања во наредните две години, доколку до 31 јануари 2019 година не ги исплати заостанатите долгови, а освен тоа ќе мора да платат и казна од 100.000 евра. УЕФА не го откри долгот на Вардар.

Ваквиот развој на настаните ќе биде дополнителен товар за клубот, кој има заостанати долгови кон сегашните и поранешни фудбалери и работници во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…