Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА се огласи: Објасни зошто беше поништен голот на Ајакс против Реал Мадрид (ФОТО)

УЕФА се огласи: Објасни зошто беше поништен голот на Ајакс против Реал Мадрид (ФОТО)

Вечерва Реал Мадрид го победи Ајакс на гостувањето во Амстердам со 1:2.

„Кралевите“ ја оправдаа фаворитската улога на оваа средба, меѓутоа воопшто не им одеше лесно. Таљафико ја погоди мрежата на шпанскиот гигант уште во првото полувреме, меѓутоа после прегледувањето на ВАР погодокот  во првото полувреме беше поништен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ВАР реагираше, а судијата Скомина после прегледувањето на снимката го поништи голот бидејќи Душан Тадиќ кој се наоѓаше во недозволена позиција наводно му пречел на голманот на Реал Тибо Куртоа.

После ова оваа одлука на ВАР која воедно беше и прва во Лигата на шампионите настана вистинска бура од реакции во фудбалската јавност. Навивачите на Реал имаа свое објаснување, додека другиот дел обвинуваше дека голот на Холанѓаните е неправедно поништен.

Вчера доцна после натпреварот поради таквата ситуација се огласија и од УЕФА и се обидоа да објаснат зошто голот на Ајакс бил поништен.

„ВАР во ЛШ: во 38. минута од натпреварот помеѓу Ајакс и Реал Мадрид, голот на Николас Таљафико со глава беше поништен по прегледување на снимките со ВАР. Судијата процени дека соиграчот на Таљафико, Душан Тадиќ е во офсајд позиција и му пречи на голманот, со што го оневозможува да игра или да биде во можност да игра со топката во моментот кога Таљафико со глава ја удира топката. Ова е во рамките на протоколот на ВАР и голот коректно беше поништен и беше досуден офсајд“, стои во објаснувањето од УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…