Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА прави револуционерни промени: Лига на шампиони во викенд!

УЕФА прави револуционерни промени: Лига на шампиони во викенд!

УЕФА има план да реагира против идејата на европските гиганти за формирање на Суперлига и веќе презема брзи мерки.

Еропските медиуми откриваат дека една од промените кои ја предлага УЕФА е натпреварите од ЛШ да се преместат во викенд, а натпреварите од националните првенства да се преместат во вторник и среда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, ваквиот предлог наиде на силен отпор кај четирите најголеми првенства во Европа – Премиер лигата, Примера, Серија А и Бундеслигата, кои официјално се изјасниле против ваквата промена.

На 3-ти декември на состанокот на УЕФА ќе се решаваат две многу важни прашања. Првото е дали да се воведи ВАР во ЛШ уште оваа сезона, а другото е евентуално формирање на трет клупски турнир кој ќе стартува од 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Едноокиот фудбалер ја осветли сцената на Африканскиот куп на нации

Буркина Фасо ја победи Гвинеја со 2:1 во првиот натпревар од групата Е на Африканскиот куп…