Дома Фудбал Останато УЕФА отвори истрага: На Ибра му се заканува долга суспензија

УЕФА отвори истрага: На Ибра му се заканува долга суспензија

Тоа што го најавија шведските медиуми пред неколку дена сега доби потврда – УЕФА отвори истрага против Златан Ибрахимовиќ.

Имено, Ибра поседува акции во онлајн обложувалница и тоа според правилата на ФИФА е строго забрането. Фудбалерите, тренерите и останатите учесници во спортот не смеат никако да се поврзуваа со обложувалници.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Наводно, Златан го прекршил правилото така што со својата компанија имал 10% од акциите во една обложувалница регистрирана во Малта.

УЕФА денес официјално започна истрага, а во случај да дојде до казна Ибрахимовиќ би можел да бисе суспендиран на три години, воедно тоа би значело крај на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…