Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА отвори дисциплинска постапка против Роналдо!

УЕФА отвори дисциплинска постапка против Роналдо!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) денес отвори дисциплинска постапка против напаѓачот на Јувентус, Кристиано Роналдо.

Да потсетиме, Роналдо во вчерашниот натпревар протиов Валенсија заработи директен црвен картон после дуелот со Мурлио, а денес е отворена дисциплинска постапка.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Португалецот се соочува со неколку натпревари суспеннзија, а состанокот на УЕФА по повод овој случај ќе биде одржан нардниот четврток и тогаш би требало да биде донесена одлуката за Роналдо.

Роналдо со сигурност ќе го пропушти натпреварот против Јанг Бојс во наредното коло.

Меѓутоа, тоа не е се. Доколку УЕФА процени дека казната би требало да биде поголема би можела да му додели дополнителен еден или два натпревари суспензија во тој случај би го пропуштил и гостувањето на „Олд Трафорд“ кај Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…