Eвропската федерација УЕФА ги именуваше тројцата кандидати за најдобар играч во Европа за 2018/2019 година.
Очекувано место на листата доби холандскиот стопер Вирџил Ван Дајк кој имаше фантастична сезона во дресот на Ливерпул.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Покрај него тука се уште две имиња кои со години наназад навикнавме да ги гледаме во вакви избори – Лионел Меси и Кристиано Роналдо.
Меѓутоа сега јавноста најголеми шанси да ја освои наградата му дава на Ван Дајк, додека Меси и Роналдо се во втор план.
Освојувачот за наградата за најдобар на Стариот континент ќе биде именуван на 29-ти август при извлегувањето на групите за новата сезона.