Ножичките на Кристиано Роналдо во ¼ финалето од Лигата на шампионите против Јувентус се подобри од последните на Бејл против Ливерпул, одлуката ја донесе Техничката комисија на УЕФА.
Голот на Роналдо беше спектакуларен и веднаш од сите новински агенции беше оценет како еден од најубавите на сите времиња, а Бејл сличен потег направи во уште поважен натпревар во – финалето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Задачата да одлучи кој гол е подобар ја доби Техничката комисија на УЕФА која состави листа од десет најдобри голови оваа сезона во Лигата на шампионите. За најдобар гол беа избрани ножичките на Роналдо.
Голот на Бејл во финалето комисијата го опиша како важен гол во едно финале со акробатска завршница.
Техничката комисија ја составуваа Дејвид Мојс, Кристијан Киво, Микс Пателиен, Томас Шаф, Јиржи Игл и Ден Питер Рудбек. Истата група на луѓе која го избра Бејл за играч на натпреварот во финалето, иако натпреварот го започна од клупата.