Дома Фудбал Останато УЕФА немаше милост: „Нема“ финале за Диего Симеоне!

УЕФА немаше милост: „Нема“ финале за Диего Симеоне!

Атлетико Мадрид вчера се избори за пласман во финалето од Лигата на Европа, откако го победи Арсенал со 1:0, сепак Диего Симеоне нема да биде дел од ова финале, барем не од клупата.

УЕФА денес ја потврди казната на Симеоне и како и реваншот против Арсенал, Аргентинецот и финалето во Лион ќе мора да го следи од трибините.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Симеоне заработи исклучување во првиот натпревар против Арсенал, иако се очекуваше неговата казна да заврши со еден натпревар суспензија сепак УЕФА немаше милост кон Чоло.

Како што е познато и во финалето Атлетико ќе го води заменикот на Симеоне, Бургос. Финалето од Лигата на Европа се игра на 16 мај во Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Одлични вести за Ливерпул: Се враќа најскапото засилување во историјата на клубот

Ливерпул објави дека Мохамед Салах од наредната сезона нема да биде дел од тимот на „Црвен…