Фудбалерите на Партизан ќе играат без својата публика во првото коло од Лигата на Европа.
УЕФА немаше милост кон црно-белите, со што ги казни со два натпревари без публика и казна од 24,250 евра. Повод за такво нешто е расистичките испади на навивачите на натпреварот против Малетија кога славеа со 3:1. Еден натпревар суспензија клубот веќе го одигра и тоа во плеј-офот од Лигата на Европа против Молде, додека вториот натпревар ќе го одигра во првото коло од групната фаза од ова натпреварување кога треба да го пречекаат Алкмар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белградскиот клуб испрати и жалба до УЕФА за да ја намали казната на еден натпревар и навивачите да бидат присутни на овој дуел, но од УЕФА пристигна кратко и јасно – не. Она што е утеха е дека на трибините ќе може да бидат присутни единствено децата од школата на фудбалот како и во натпреварот против Молде.
Потсетуваме, Партизан во групата Л се наоѓа со Манчестер Јунајтед, Астана и споменатиот Алкмар.