Дома Фудбал Останато УЕФА можеби ја реши оваа сезона, но што со наредната?! Распоредот за летото 2021 е – невозможен!

УЕФА можеби ја реши оваа сезона, но што со наредната?! Распоредот за летото 2021 е – невозможен!

УЕФА донесе одлука да го одложи Европското првенство за летото наредната година поради пандемијата од коронавирусот.

Донесена е одлука ЕП да се игра наредното лето за да се даде предност на националните шампионати и европските клупски натпреварувања оваа сезона. После одлката да се одложи ЕП набрзо стигна и одлуката дека и Копа Америка нема да се игра ова лето и таа е закажана за наредното лето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова создава проблеми на неверојатниот распоред кој се направи за наредното лето. Имено, за 29. мај 2021 година е планирано финалето во Лигата на шампионите, а од 2. до 6. јуни би требало да се играат доигрувањата во плејофот од Лигата на нации.

Европското првенство ќе се игра од 11. јуни до 11. Јули, а во истиот термин е закажана и Копа Америка. Шлагот на тортата е Светското клупско првенство кое е планирано повеќе да не се игра во зимскиот преоден рок, туку во летниот. Во овој момент натпреварите на овој турнир се закажани за од 17. јуни до 4. јули.

Јасно е дека овој распоред нема да може да функционира и дека сигурно ќе видиме промени.  Засега УЕФА во прв план има како да се заврши актуелната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ударна вест: Челси ќе го отпушти Мареска поради раздор!?

Ударна вест од Лондон! Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, би можел да го загуби своето мест…