Полскиот напаѓач Роберт Левандовски наскоро би требало да ја доби „Златната топка“ за 2020 година кога не ја доби поради коронавирусот.
Таа година Левандовски освои тројна круна со Баерн (Бундеслига, Куп на Германија ,Лига на шампиони). Сепак, поради коронавирусот за првпат по 1965 наградата не беше доделена.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Левандвоски не криеше дека бил разочаран од таа ситуација.
„Еден ден би сакал да ја добијам таа награда. Не би кажал дека сум лут или гневен, но знам дека ја заслужив. Како што одминува времето, свесен дека ми недостасува сам отој трофеј. Сепак не зависи ништо од мене, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Левандовски во една прилика.
Таа година Левандовски беше феноменален и покрај глобалната пандемија и необичната сезона во која се играа натпреварувањата.