Дома Трансфер зона УЕФА започна истрага, ПСЖ одговори и најави нови засилувања!

УЕФА започна истрага, ПСЖ одговори и најави нови засилувања!

Клубот од Париз брзо реагираше на веста дека УЕГА започнала истрага во врска со трансферите на Нејмар и Мбапе.

Францускиот клуб излезе со соопштение откако УЕФА објави дека започнала истрага за работењето на клубот ова лето.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„ПСЖ ја прифаќа одлуката на комисијата на УЕФА за финанскиот фер плеј да обезбеди финансиите на клубот од 30 јуни 2018 година да бидат во склад со критериумите на финансискиот фер плеј за сезоната 2017/2018“.

„Клубот е изненаден од ваквиот пристап, со оглед на тоа дека секогаш ги почитувал правилата на УЕФА, сигурни сме во нашите спосбоности да ги испочитуваме правилата на финансискиот фер плеј“, се наведува во соопштението.

Сепак, најинтересен дел од соопштението беше најавите на ПСЖ за следните два преодни рока.

„Клубот исто така потсетува дека има договор со голем број играчИ кои овозможуваат доколку е потребно клубот да генерира капитални добивки во наредните два преодни рока, во јануари или јуни 2018 година“, се додава во соопштението, од кое може да се извлече заклучок дека во следните два преодни рока можеме да очекуваме нови скапоцени засилувања во тимот на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…