Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА донесе конечна одлука: Откажана младинската Лига на шампиони

УЕФА донесе конечна одлука: Откажана младинската Лига на шампиони

УЕФА денес објави дека јуниорската Лига на шампиони за сезоната 2020/2021 е откажана.

Европската фудбалска федерација прво го одложи почетокот на натпреварувањето поради пандемијата со коронавирусот, потоа беше променет форматот. Поради краткото време се донесе одлука веднаш да се игра нокаут фаза без групната фаза.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа бидејќи ситуацијата со коронавирусот во бројни земји се уште не се смирила и постои опасност од зараза, УЕФА одлучи оваа сезона тоа натпреварување да не се игра.

Младинскиот тим на Шкендија ова натпреварување требаше да го започна на 2 или 3 март против тимот на Габала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мајсторија која не се заборава: УЕФА пред натпреварот вечерва потсети на слаломот на Елмас! (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе истрча на теренот на „Паркен“ во Копенхаг…