Франција пред неколку дена ја освои Лигата на Нации откако во финалето ја совлада Шпанија со 2:1.




Беше јасно после успорената снимка дека Мбапе е најблиску до шпанскиот голман во моментот на додвањето, но од ВАР собата стигна порака дека голот е регуларен и тоа беше изненадување.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
После натпреварот судијата Тејлор им објаснуваше на Шпанците дека Ерик Гарсија последен играл со топката, иако не го променил правецот на движење. Поради неговиот допир со топката претходната офсајд позиција се поништува.




На оваа тема се огласи шефот на судиската организација на УЕФА, Роберто Росети.




„Играчот имаше намера да ја земе топката и играше со неа, поради тоа Тејлор и неговите помошници донесоа исправна одлука. Сепак, овој случај ни покажува дека сегашното правило кое е на сила можеби треба да се промени. УЕФА секогаш тежнее кон тоа да ги подобрува правилата и судиите да носат ирпавни и објективни одлуки“, изјави Росети.