Дома Фудбал Останато УЕФА ги реши сите дилеми: ЕП ќе се игра во 12 градови, Македонија ќе игра пред публика!

УЕФА ги реши сите дилеми: ЕП ќе се игра во 12 градови, Македонија ќе игра пред публика!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) нема намера да го промени планот за Европското првенство и тоа ќе се игра според планот, во 12 града домаќини.

Поради проблемите со пандемијата се шпекулираше дека ЕП може да биде одиграно само во една држава, а Англија и Русија беа спремни да ја преземат целата организација.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, УЕФА смета дека нема потреба да се прават промени и ЕП ќе се игра во 12 градови од 11-ти јуни до 11-ти јули.

Македонската фудбалска репрезентација за прв пат ќе учествува на еден континентален собор, а натпреварите ќе ги игра во Букурешн и Амстердам.

УЕФА ќе дозволи публика од 25% од капацитетот на стадионите. Тоа значи дека за двата меча на Македонија во Букурешт против Австрија на 13 јуни и со Украина на 17 јуни ќе биде дозволено присуство на 14.000 фанови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер има нов адут во борбата за Коне!

Интересот на Интер за 24-годишниот играч од средниот ред на Рома, Ману Коне, и понатаму е …