Европската куќа на фудбалот донесе одлука да им дозволи на репрезентациите да повикаат 26 фудбалери за ЕП, а воедно го одобри и правилото за 5 замени.
Наместо 23 фудбалери секој селектор ќе може на списокот да пријави 26, а УЕФА се одлучи на ваков потег поради проблемите со пандемијата и поголемиот број на измени.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак на натпреварите селекторите ќе имаат на располагање 23 играчи како и досега, но ќе бидат пријавени три резерви кои дополнително ќе ја чекаат шансата.
Дозволено е пред секој меч да има промена само кај голманите, а доколку селекторот се одлучи за промена на фудбалер, оној кој ќе биде избришан од списокот, веќе нема да може да настапува на турнирот.
Ангеловски до 1 јуни треба да го соопшти списокот со репрезентативци, а неколку дена претходно Македонија ќе игра со Словенија во пријателски меч.
Автор: Петре Кузманоски