Дома Фудбал Останато УЕФА бара поголеми санкции за фудбалерите кои симулираат

УЕФА бара поголеми санкции за фудбалерите кои симулираат

Судиите на натпреварите во Лигата на шампионите мора да бидат построги кон фудбалерите кои претеруваат и симулираат во дуелите, во обидите нивните противници да добијат жолт или евентуално црвен картон, соопшти денеска Европската фудбалска унија (УЕФА).

УЕФА сака да ги казни обидите за „измама“ на судиите со лажирање или претерано реагирање на помали грешки во дуелите, пред почетокот на групната фаза од европските натпреварувања следната недела.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Тоа претставува неправедно однесување на фудбалерите кон нивните колеги и е лош пример за непочитување“, се вели во изјавата на шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети.

УЕФА, исто така, сака судиите да ги спречат играчите да вршат мобинг врз судиите и другите официјални лица на натпреварот за да влијаат на одлуките и конфликтите на теренот.

„Решени сме да го заштитиме имиџот на фудбалот и веруваме дека одредени типови на однесување на теренот и на трибините се неприфатливи“, додаде Росети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблем за Реал, заврши сезоната за Карвахал

Реал Мадрид скапо ја плати победата над Виљареал од 2-0, откако во самиот финиш од мечот т…