Дома Фудбал Германија Удар за Баерн и Хејнкес – без офанзивецот најмалку до мај!

Удар за Баерн и Хејнкес – без офанзивецот најмалку до мај!

Голем удар за Баерн Минхен пред важен период од сезоната.

Стигна потврда за лошите вести за германскиот гигант, Баерн Минхен. Крилниот напаѓач Кингсли Коман ќе мора да паузира два месеци и негово враќање на терените се очекува во мај.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Коман во натпреварот против Херта заработи повреда на лигаментите на коленото и поради тоа го доведе под знак прашалник и својот настап на Светското првенство.

Французинот ќе ја пропушти завршницата од Бундес лигата, но тоа е најмал проблем, бидејќи Баерн ќе стигне до нова титула. Поглем проблем за баварците е Лигата на шампионите.

После победата од 5:0 во првиот натпревар, елимимацијата на Бешикташ не се доведува во прашање, но сигурно дека ¼ финале во најсилното европско натпреварување не е нешто што ќе ги задоволи баварците. Коман во најдобар случај би можел да му помогне на Баерн доколку Германците се пласираат во финалето.

Кога во прашање е Мундијалот, големо прашање е дали селекторот Дидие Дешам ќе се одлучи да повика што туку опоравен играч кога се знае дека на таа позиција ги има Антоан Гризман, Килијан Мбапе, Осман Дембеле, Ентони Марсија, Тома Лемар…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Награда за врвните настапи: Арсенал „почести“ една од ѕвездите со нов договор

Голманот на Арсенал, Давид Раја, потпиша нов подобрен договор со овој фудбалски клуб, прен…