По повод трагичните настани, односно смртта на Давиде Астори и помалку познатиот фудбалер на Тоурс 18 годишниот Томас Родригез, тимот на Спортски.мк одлучи малку да „погугла“.
Имено, малку пребарувавме и истраживме кои се фудбалерите кои починале, но не како Давиде Астори и Томас Родригез, туку на теренот или пак поради повреди заработени во текот на натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот случај, кој е забележан на црната листа се случил на 13 јануари 1889 година. Фудбалерот на англиски Стевелеј, Вилијам Кропер заработил повреда на натпреварот против Гримсби поради која подоцна и починал.
На оваа црна листа има и двајца Македонци. Никола Мантов по кого денес го носи името и стадионот во Кочани починал од срцев удар после десетина минути игра во натпреварот против 11 октомври.
Стефан Толески во 2002 година како член на Напредок колабираше на терен, по што почина откако беше пренесен во болница.
Најшокантните случаи на целата листа сигурно се оние од удари од молња. Младиот голман Стефан Петровски кој како член на Мелака Јунајтед во Малезнија беше погоден од молња во текот на натпреварот, голманот по ударот падна во кома, а по еден месец поминат во болница почина на 5 април 2016 година. Петровски имаше австралиско и српско државјанство.
Поради удар од молња истата 2002 година настрадаа двајца фудбалери на Депортиво Чали од Колумбија. Молњата удрила за време на еден од тренизните на овој клуб, Хернан Гравиа починал веднаш по ударот, додека неговиот соиграч Џовани Кордоба им подлегнал на повредите три дена подоцна.
Молњата фатална беше и за уште петмина фудбалери на оваа листа (Тони Алден, Ерик Јонгболед, Мајкл Годард, Иван Крстиќ, Кристијан Неамту)
Еден од попознатите случаи во поновата фудбалска историја секако е оној на Пјер Марио Моросини кој колабираше на терен на натпреварот за својот Ливорно во 2012 година.
Според оваа листа најчеста причина за смрт на фудбалерите бил срцевиот удар.
Во продолжение погледнете ја комплетената листа…
Подготви: Стефан Даскалов