Дома Македонски спорт Убав гест: Димитриевски израдува млад фан на Рајо со потпишани ракавици

Убав гест: Димитриевски израдува млад фан на Рајо со потпишани ракавици

Mакедонскиот голман Столе Димитриевски сезонава брани во одлична форма и се бори за престижната награда на „Марка“, а сега направи и еден убав гест со кој израдува млад фан на Рајо Ваљекано.

Ништо не изгледало поинаку за младиот Мануел кога пред два дена тргнал на училиште. Меѓутоа по завршувањето на часовите неговото семејство заедно со членови на сајтот „Унион Рајо“ му приредиле изненадување. Тие го пречекале од училиште и го однеле во клупскиот хотел каде што бил сместен целиот тим на Рајо пред мечот во шпанскиот куп.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Секако, Мануел бил пресреќен. Посебно кога се појавил Димитриевски и му ги подарил своите ракавици со потпис. Мануел доби прилика и да се фотографира со тимот пред натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Штутгарт ја одби понудата од 55 милиони евра од Баерн за Волтемаде

Управата на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Според н…