Дома Останати Тенис Убава вест: Рафаел Надал се враќа на терените

Убава вест: Рафаел Надал се враќа на терените

Поранешниот тенисер број еден во светот, Шпанецот Рафаел Надал (37) во петокот објави дека ќе се врати на натпреварите на турнирот во Бризбејн Интернационал, кој се одржува во јануари и служи како загревање за Австралија Опен.

Освојувачот на 22 Грен слем титули нема одиграно натпреварувачки натпревар откако се повлече во второто коло на овогодинешниот Австралија Опен поради проблем со колкот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„По една година далеку од натпреварувањето, време е да се вратиме“, рече Надал во видеото објавено на социјалните мрежи.

Надал претходно ја изрази својата желба да има уште еден настап на Ролан Гарос и да ја претставува Шпанија на Олимписките игри во Париз следната година, пред да се пензионира на крајот од неговата 23-та сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…