Дома Останати Кошарка Уапсен братот на Никола Јокиќ

Уапсен братот на Никола Јокиќ

Страхиња Јокиќ, брат на српскиот кошаркар Никола Јокиќ, е уапсен во САД поради напад на натпревар во Денвер, кога удрил човек во лице!

Страхиња беше обвинет за напад од трет степен, и се појави во Окружниот суд во Денвер во вторникот.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Полицијата во Денвер првпат дознала за тепачката преку вирално видео на TikTok на кое се гледаат „познати членови на семејството на играчот на Денвер Нагетс Никола Јокиќ како се расправаат со неидентификуван навивач на трибините“, се вели во изјавата за апсење.

На видеото се гледа „вербална размена“ меѓу навивачите и Страхиња и Немања Јокиќ, пред еден од браќата да го удри навивачот по лицето, напиша полицијата.

Детектив од Денвер го интервјуираше навивачот три дена по натпреварот на 22 април и забележа дека има исеченици и модринки околу и под левото око. Мажот потоа на полицијата и рекол дека еден од браќата Јокиќ, го удрил по лицето и дека нападот бил неиспровоциран. Полицијата подоцна го идентификувала Страхиња Јокиќ преку тетоважата на неговиот врат.

На мажот подоцна му бил дијагностициран потрес на мозокот. Најпрвин не сакал да го тужи Страхиња Јокиќ бидејќи се плашел од одмазда и се грижел за безбедноста на семејството, но се предомислил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Потврдено: Охриѓанецот Џеди Осман ја напушти НБА – ќе игра во Европа!

Tри дена по доведувањето на Еван Фурние од редовите на Олимпијакос објавија уште една „бом…