Дома Фудбал Останато Уапсен Албанецот кој пушти дрон, ќе му се суди во Србија!

Уапсен Албанецот кој пушти дрон, ќе му се суди во Србија!

Човекот кој „крена огромна прашина“ во квалификацискиот натпревар за Европското првенство помеѓу Србија и Албанија, наводно е уапсен пред еден месец во Дубровник и наскоро би требало да биде испорачан на Србија.

Неговото име е Исмаил Морина, по налог на судот во Дубровник, Морина наскоро би требало да биде како што споменавме испорачан на српските власти. Ова информација во Албанија предизвика страв бидејќи стравуваат за неговата безбедност.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Од друга страна Министерството за правда на Србија од Хрватска побара Морина да им биде испорачан што побрзо. Очекувањата се Морина да биде осуден за предизвикување национална омраза и нетерпеливост, постапката ќе се води во врховиот суд во Белград.

Според законите во Србија, Морина би требало да добие затворска казна од три години, но неговите адвокати најавија жалба.

Албанскиот медиуми „Opininon.al“ објави слики од одлуката за испорачување на Морина во Србија.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гигантите во битка за Хрватот кој блескаше и вчера – никој нема да го добие за помалку од 60 милиони евра!

Младиот дефанзивец моментално игра на позајмица од Тотенхем, кои го купија од Хајдук за 11…