Вечерва се игра второто полуфинале на Светското првенство во кое ќе го дознаеме противникот на Аргентина во големото финале.
Од 20:45 часот ќе се сретнат Франција и Мароко. Мароко е вистински хит на Светското првенство, станаа првата земја од Африка која ќе игра во полуфинале на еден Мундијал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еуфоријата во оваа земја веќе е огромна и за нив натпреварот со актуелниот светски шампион ќе биде вистинско уживање.
Ниту еден фудбалер на Светското првенство не може да се пофали дека го совладал голманот Боно, Мароко прими еден гол и тоа беше автогол. Но, сега пред нив е моќната Франција која и со големиот број повреди покажа најмногу на Мундијалот.