Дома Трансфер зона Тухел спрема големи промени во Челзи

Тухел спрема големи промени во Челзи

Томас Тухел веднаш откако дојде бележи добри резултати, ја освои Лигата на шампиони, но спрема голема реконструкција на тимот за следната сезона.

Англиските медиуми пренесуваат дека Тухел донел одлука да направи големи промени и им ја отворил излезната врата на Рудигер, Абрахам, Емерсон Палмери, Жоржињо и Кепа Аризабелага.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Нема да има место во тимот и за фудбалерите кои ќе се вратат од позајмица како Бакајоко, Баркли и Лофтус-Чик, а познато е дека Томори ќе биде откупен од страна на Милан.

Наводно од продажбата на овие фудбалери Челзи се надева дека ќе инкасира 200 милиони фунти, а главни мети се Ромелу Лукаку и Даклан Рајс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…