Менаџерот на Челзи, Томас Тухел бара засилувања за средниот ред, што ќе биде приоритет во летниот преоден рок.
Според англиските медиуми Тухел е заинтересиран за играчот на Бенфика и негов сонародник, Јулијан Вајгл.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Прва мета на „сините“ беше Деклан Рајс од Вест Хем, но „чеканите“ поставија многу висока цена, па Челзи мора да гледа други алтернативи.
Поради тоа Тухел го сака Јулијан Вајгл со кого заедно соработуваа во Борусија Дортмунд.
25-годишниот Германец игра одлично во Бенфика и Тухел смета дека ќе биде одлични засилување за неговиот тим.