Дома Фудбал Англија Тухел искрено за Левандовски и Роналдо

Тухел искрено за Левандовски и Роналдо

По потпишувањето на Рахим Стерлинг, менаџерот на Челзи, Томас Тухел, истакна дека засега нема намера да ангажира друг напаѓач.

Тухел беше прашан за можен ангажман на Кристиано Роналдо или Роберт Левандовски, играчи кои се поврзуваат со трансфер на „Стенфорд Бриџ“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Не би ја исклучил опцијата да земеме нов централен напаѓач, но засега тоа не е наш приоритет. Нашата главна цел сега е да ја засилиме одбраната и тоа не е тајна. После тоа ќе видиме какви други опции има“, изјави германскиот стратег.

„Се бориме против двата најсилни тима Манчестер Сити и Ливерпул, но и Тотенхем досега води многу активна трансфер политика. Тие веројатно моментално го имаат најсилниот тим што некогаш го имале и го имаат еден од најдобрите менаџери во светот. Во исто време, Манчестер Јунајтед никогаш не бил срамежлив да донесе ново засилување, а Арсенал исто така направи неколку солидни влезни трансфери. Затоа мораме да продолжиме да бидеме на ниво“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јасно е како ден: Анчелоти не го сака овој Бразилец на Светското првенство!

Нејмар во последниот натпревар против Рем одигра солидно, но Анчелоти не го повика во наци…