Дома Фудбал Тухел е „невозможната“ желба на Лапорта

Тухел е „невозможната“ желба на Лапорта

Притисокот врз тренерот на Барселона, Роналд Куман се зголемува се повеќе и се погласни се шпекулациите за негова тренерска смена.

Холандскиот статег доби последна шанса за дербито со Атлетико Мадрид, но доколку Каталонците загубат и не се претстават во добро светло сигурно ќе добие отказ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како најсериозни кандидати за негов наследник се Андреа Пирло и Роберто Мартинез, но денешното издание на „Мундо Депортиво“ соопштува дека најголема желба на претседателот Лапорта е Томас Тухел.

Тухел минатата година седна на кормилото на Челзи и веднаш ја освои Лигата на шампиони. Меѓутоа, Германецот во моментов изгледа како „невозможна мисија“ за Каталонците.

Неговиот договор со Челзи истекува во 2024 година и „сините“ немаат намера да го пуштат, а и тој не сака да го напушти Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aлегри го сака екс-голгетерот на Јувентус – Милан ќе треба да плати 62 милиони евра!

Милан одлучи да не го ангажира Жан-Филип Матета, бидејќи се неопходни хируршки интервенции…