Дома Трансфер зона Тухел ги потврди заминувањата на Кристенсен и Рудигер

Тухел ги потврди заминувањата на Кристенсен и Рудигер

Германскиот стратег Томас Тухел на некој начин ги потврди заминувањата на Кристенсен и Рудигер.

Кристенсен како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во редовите на Барселона, додека за Рудигер во овој момент во игра се повеќе клубови. Тухел сега порача тоа што оваа сезона им се случува со Кристенсен и Рудигер да го избегнат со Канте и Жоржињо.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Како тренер желба ми е да ги решиме договорите на Канте и Жоржињо летовот, гледате што се случува со Кристенсен и Рудигер. Би било убаво ако можеме да избегнеме такво момент“, изјави Тухел.

Ќе потсетиме, Челзи се уште нема нов сопственик, а додека е таква ситуацијата клубот не може да продолжува договори со фудбалери и да извршува било какви други трансфер активности.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…