Дома Фудбал Англија Тухел веќе има понуда од Премиер лигата

Тухел веќе има понуда од Премиер лигата

Томас Тухел доби отказ од ПСЖ, а весникот „Билд“ пренесува дека кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Тухел имаше договор со ПСЖ до крајот на сезоната и наводно веќе го известил својот менаџер дека сака да работи во Премиер лигата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Билд“ тврди дека германскиот стратег нема долго да остане без работа, бидејќи интерес за неговиот потпис покажува Арсенал.

„Топџиите“ играат катастрофална сезона и се блиску до зоната за испаѓање во Премиер лигата, па сериозно размислуваат за смена на Артета.

Тухел наводно преферира да седне на кормилото на Манчестер Јунајтед, но е спремен да ја прифати понудата на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси го објави најголемиот губиток во историјата на Премиер лигата

Челси го објави рекордниот губиток во Премиер лигата пред оданочување. Дефицитот од 262 ми…