Дома Трансфер зона „Тутоспорт“: Јувентус спрема голема реконструкција ова лето!

„Тутоспорт“: Јувентус спрема голема реконструкција ова лето!

Оваа сезона Јувентус откако го купи Кристиано Роналдо минатото лето очекуваше поголем успех во Лигата на шампионите, меѓутоа „старата дама“ беше елиминирана од Ајакс во четвртфиналето што секако беше разочарување.

Јувентус на титула во Лигата на шампионите чека уште од 1996 година и за таа цел добро упатенот „Тутоспорт“ пишува дека ова лето Јувентус ќе направи голема реконструкција.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Фокусот е ставен на средниот ред тука Алегри сака да види барем двајца од Адирен Рабио кој сигурно го напушти ПСЖ, Пол Погба од Манчестер Јунајтед, Иско од Реал Мадрид, Хамес Родригез од Баерн и Тангу Ндобеле за кого претседателот на Лион изјави дека би сакал да го продаде на Јувентус.

Потребно е и засилување во одбраната. Тука мета е фантастичниот млад стопер и капитен на Ајакс Матијас Де Лихт кој со својот гол го елиминираше Јувенту, но Де Лихт изгледа е најблиску да тргне по стапките на неговиот соиграч од Ајакс Френки Де Јонг и да премине во Барселона. Во медиумите во Италија се тврди дека Рома е блиску до потпис и со стоперот на Рома, Костас Манолас.

Ќе потсетиме дека во средниот ред Јувентус веќе го обезбеди потписот на Арон Рамзи од Арсенал. Меѓутоа јасно е дека и ако пристигнат барем две од погоре наведените имиња ќе мора да има и заминувања.

Во нападот засега не се пишува за големи промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја брка скапата бразилска ѕвезда

Бразилецот Антони како големо засилување пристигна во Манчестер Јунајтед, но засега е дале…