Дома Македонски спорт Турците тврдат: Ангеловски е на чекор од Фенербахче!

Турците тврдат: Ангеловски е на чекор од Фенербахче!

Игор Ангеловски само чека и официјално да му заврши договорот со Фудбалската Федерација на Македонија на крајот на идниот месец, веќе е потврдено дека во иднина Благоја Милевски ќе ја води „А“ селекцијата.

Ангеловски со настапоит на Еуро 2020 после пет ипол години ја напушти функцијата селектор. По успехот кој го направи со Македонија се поврзвува со неколку европски клубови. Изгледа дека најсериозен е турски Фенербахче.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Од Турција пристигнуваат нови информации дека првио човек на Фенер Али Коч го скратил списокот на три имиња, Ненад Бјелица, Марко Силва и Ангеловски. Наводно за него лично Мрме бил прв кандидат.

„Фанатик“ објави дека преговорите со Ангеловски веќе започнале и наскоро се очекува да биде донесена и конечната одлука. Во споменатиот медиум може да се пронајде и текст со целата биографија на Ангеловски со цел да им се доблжи на фановите на Фенербахче.

Инаку, претходно со името на Ангеловски се поврзуваа Џенова и Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Легендарен судија во Шпанија: Повеќето судии се наклонети кон Реал

Во земја каде што фудбалот има речиси религиозно значење, ривалството помеѓу Реал Мадрид и…