Галатасарај одработи квалитетен преоден рок и за не така голема сума барем според имињата доведоа одлични играчи, помеѓу фудбалерите кои пристигнаа е и 33 годишниот Радамел Фалкао.
Малку е да се каже дека го дочекаа како спасител. Колумбиецот беше пречекан од 25.000 навивачи кои направија неверојатна атмосфера која беше во ранг на прослава на некоја голема титула. Фалкао дојде од Монако и врз него е голем притисок. Сите очекуваат голови за да им ја донесе титулата во домашното првенство и што подалеку да стигнат во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дополнително еуфоријата со Фалкао ја зголеми „ФотоМак“ кој објави детали од физичката состојба на Колумбиецот. Заклучено е дека неговата метаболичка состојба е како да има 22 години.
Причина за таквите метаболички години се одличните фитнес резултати кои ги направи по доаѓањето во Турција.
Фалкао за Галатасарај ќе дебитира денес во натпреварот против Кашимпаша.