Милан катастрофално ја отвори сезоната, па „росонерите“ сакаат да го засилат тимот во зимскиот преоден рок.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е заинтересиран за двајца турски репрезентативци кои сака да ги донесе на „Сан Сиро“ во зимскиот преоден рок.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Станува збор за десниот бек на Лил, Мехмед Челик кој оваа сезона игра одлично во францускиот клуб. 22-годишниот Турчин е модерен бек со одлични дефанзивни, но и офанзивни карактертистики, па од почетокот на сезоната веќе запиша 5 асистенции.
Тој го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Милан сака да ја победи конкуренцијата и да го договори трансферот во јануари.
Вториот играч е дефанзивецот Демирал од Јувентус, кој не добива голема минутажа кај Сари од почетокот на сезоната, па е спремен да ја промени средината, а Милан сака да ја искористи таквата ситуација.
Доколку се реализираат овие трансфери ќе се зголеми „турската колонија“ на Сан Сиро, каде веќе игра Хакан Чалханоглу.