Северна Италија е жариште на коронавирус, а фудбалскиот клуб Пјаченца денес беше ставен под карантин, откако се покажа дека тројца фудбалери на овој клуб се позитивни на вирусот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Еден од фудбалерите на клубот ги покажа првите симптоми на вирусот минатиот викенд додека целиот тим беше во Алесандрија за натпреварот во Серија Ц.
Откако се покажа де е позитивен на коронавирус беше хоспитализиран, а денес испитувањата покажаа дека носители на вирусот се уште двајца фудбалери и еден член на персоналот.
„Во моментов се инфицирани четири лица, тројца фудбалери и еден службеник на тимот. Во моментот, сите играчи, технички персонал и тренери кои беа присутни за време на минатиот викенд пат, се во карантин 14 дена“, потврдија од клубот.