Реал Сосиедад вчера славеше во баскискиот дуел во финалето од Купот на Шпанија и после цели 34 години го освои трофејот во ова натпреварување.
После драма и петминутното прегледување на ВАР снимката беше досуден пенал за Сосиедад по играњето со рака во шеснаесетникот на Билбао. Најстрогата казна ја реализираше Микел Ојарзабал во 63. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа ова беше финале во шпанскиот куп за сезоната 2019/2020 и Сосиедад ќе биде шампион само две недели затоа што тогаш е закажано финалето за оваа сезона.
Во финалето на Купот за оваа сезона повторно ќе игра Билбао, а тогаш противник ќе им биде Барселона. Натпреварот е закажан за на 17. април. Така Сосиедад ќе биде запишан во историјата како клуб кој најкратко го имал трофејот во свои раце.