Дома Трансфер зона Три англиски великани во битка за албански репрезентативец

Три англиски великани во битка за албански репрезентативец

Челси, Манчестер Јунајтед и Ливерпул во летниот преоден рок ќе се борат за услугите на албанскиот репрезентативец Елсид Хусај, кој со многу успех настапува за Наполи.

Италијанските медиуми пишуваат дека овој 24 годишен фудбалер моментално е најблиску до трансфер во Челси, ако се земе в предвид тврдењето дека челниците на Челси веќе оствариле контакт со агентот на фудбалерот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сепак, Сините во борбата за потписот на Хусај ќе имаат голема конкуренција од Јунајтед и Ливерпул, па останува да се види кој од овие клубови ќе биде спремен да плати 50 милиони евра, колку изнесува неговата откупна клазула во договорот со Наполитанците.

Елсид Хусај во оваа сезона одигра 41 натпревар во сите натпреварувања, а член е на Наполи од 2015. година кога беше доведен од Емполи за само пет милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…