Дома Фудбал Останато Тренерот на Џани се нуди да биде селектор на Бразил

Тренерот на Џани се нуди да биде селектор на Бразил

Тренерот на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, Жорге Жесус не крие дека со задоволство би прифатил да биде селектор на Бразил.

Бразил моментално е без селектор откако Тите поднесе оставка по елиминацијата на репрезентацијата во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Хрватска во четвртфиналето го победи Бразил по подоброто изведување пенали.

„Тоа е работа која не се одбива. Ниту еден тренер во светот не би го одбил Бразил“, изјави Жесус, кој успешно беше тренер на бразилски Фламенго во 2019 и 2020 година.

Португалскиот тренер го презеде Фенербахче на почетокот на јуни годинава.

„Доколку би станал селектор на Бразил, тоа би бил еден пресврт во мојата кариера. Во Бразил добивате можност да работите со најдобрите фудбалери во светот. Бразилските играчи, како што многу пати сум кажал, се најдобрите“, истакна актуелниот стратег на Фенербахче.

Сепак, португалските медиуми наведуваат дека Жесус има мали шанси да ја преземе селекцијата на Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед прави неочекуван потег: На „Олд Трафорд“ пристигнува напаѓач кој е без клуб

Многу напаѓачи во последно време беа поврзувани со премин во Манчестер Јунајтед, но изглед…