Дома Македонски спорт Тренерот на Рајо го брани Димитриевски: Колку бодови ни донесе оваа сезона…

Тренерот на Рајо го брани Димитриевски: Колку бодови ни донесе оваа сезона…

Македонскиот голман, Столе Димитриевски во вчерашното реми на Рајо Ваљекано и Гетафе направи кикс по кој Гетафе дојде до бод во овој натпревар. По натпреварот тренерот на Рајои, Андони Ираола застана во одбрана на нашиот репрезентативец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Многу пати досега во сезоната Димитриевски беше клучен за победите на Рајо, а оваа грешка не го загрижува.

„Сите грешиме, а колку бодови ни донесе Димитриевски досега сезонава…Столе ја има нашата поддршка, сите грешими или ќе згрешиме во иднина. За мене мнгоу други работи се поважни. Пример, ние со играч повеќе не игравме како што треба. Таа една „специфична грешка“ која нема да се случи повторно не ме загрижува“, изјави Ираоло.

За Рајо ова беше шесто реми сезонава и досега мадритскиот тим е на 33 бода со бод помалку од петтиот Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…