Тренерот на Пари Сент Жермен, Кристоф Галтие не верува дека постои конфликт меѓу Лионел Меси и Килијан Мбапе откако имаа дуел во финалето на Светското првенство.
Аргентинските фудбалери, особено голманот Мартинез се потсмеваа со Мбапе и недолично се однесуваа на прославата, па медиумите тврдат дека тоа може да влијае на односите меѓу двете ѕвезди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Јас би се фокусирал на односите меѓу нив двајца. Не беше Лео Меси тој кој се потсмеваше со другите фудбалери. Тоа што го видов по финалето ме уверува дека нема потреба да се мешаат тие работи само бидејќи однесувањето на голманот беше такво. За мене е најважно како се сложуваат моите фудбалери. Килијан е во одлично располжение и покрај поразот. Секако, беше разочаран, но тоа го направи со класа. Му честиташе на Меси и тоа е добро за клубот и за нив двајца“, изјави Галтие и потврди дека Меси ќе се врати во Париз на 2 јануари.