Дома Останати Кошарка Тренерот на Олимпија со големи пофалби за Димитријевиќ: Погледнете како игра и не заборавајте – тој е дебитант!

Тренерот на Олимпија со големи пофалби за Димитријевиќ: Погледнете како игра и не заборавајте – тој е дебитант!

Благодарение на фантастичното издание на Ненад Димитријевиќ кој постигна 22 поени Олимпија Милано успеа да слави победа против Реал Мадрид во Евролигата.

По натпреварот против шпанскиот гигант големи пофалби за Димитријевиќ имаше неговиот тренер Еторе Месина.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


„Погледнете само како игра…не треба да заборавиме и дека Нено е само дебитант во Евролигата. Во последната четвртина во Виторија и против Вирутс имаше огромно влијание врз нашата игра. Сигурен сум дека кога физички ќе се навикне на играта ќе остави и силна трага во Евролигата“, изјави Месина.

Доби прашање тренерот на Олимпија и за доаѓањето на Манион кој ќе биде конкуренција на македонскиот кошаркар.

„Кога ќе се соберат работите, мислам дека Димитријевиќ ќе профитира од неговото доаѓање затоа што одговорностите ќе бидат поделени. Нивнот стил на игра е различен и ако продолжат да работат добро можат да растат заедно“, истакна Месина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Браќата Кари во новата сезона од НБА лигата ќе играат во ист клуб!

Сет Кари ќе му се придружи на неговиот брат Стефен во тимот на Голден Стејт Вориорс откако…